Молерски услуги

Студио

Во овој нов проект имавме задача целосно да го трансформираме просторот и да изработиме модерна и функционална бина наменета за фото сесии. Изведени работи: ⏱ Времетраење на изведбата: Вкупното време за реализација на сите градежни и декоративни работи изнесуваше 10 работни дена.

Студио Read More »

Декорирање на стан

Комплетно го декориравме овој стан, внесувајќи уникатен карактер во секој агол. Таванот во дневната соба го „разигравме“ со 16 квадратни вдлабнатини, дополнително нагласени со комбинација на алуминиумски и стирополни лајсни. Ѕидовите ги обоивме во нежна бисерно бела нијанса, украсувајќи ги со елегантни правоаголни апликации од декоративни лајсни. Како посебен акцент, во дневната соба и кујната

Декорирање на стан Read More »

Реновирање на стан

По замената на старите прозорци со нови, започнавме со целосната преобразба на просторот. Изработивме спуштени тавани со гипс-картон во сите простории и направивме прецизни опшивки околу новите прозорци. Дел од вратите беа заѕидани со гипс-картон, додека кај останатите извршивме корекција на димензиите (ширината и висината). По поставувањето на новата електрична инсталација, пристапивме кон обработка на

Реновирање на стан Read More »

Поправка на оштетени ѕидови плафони и кречење

Во овој објект бевме ангажирани за санација на пропусти направени од претходни изведувачи. Иако внатрешноста е целосно изработена од гипс-картон, завршната обработка беше на ниско ниво. Извршивме целосна преработка на опшивките околу прозорците, а поради неправилно монтираното осветлување, изработивме дополнителна потконструкција за негово соодветно поставување. Дополнително, ги саниравме лошо обработените делови околу вратите и направивме

Поправка на оштетени ѕидови плафони и кречење Read More »

Опшивка на влезна врата и молерски работи

Извршивме опшивка на влезната врата, со што доби модерен и уреден изглед.Неколку ѕидови ги преглетувавме целосно, а кај останатите направивме само поправки.На крај, целиот простор беше искречен за свеж и чист завршеток. Целиот проект траеше само 2 работни дена.

Опшивка на влезна врата и молерски работи Read More »

Реновирање на барака

Откако ја демонтиравме речиси целата барака и изнесовме неколку камиони шут, започнавме со монтажа на гипс-картон.Прво ја изработивме конструкцијата за плафонот, а потоа и преградните ѕидови. Беше поставена целосно нова електрична инсталација, по што следеше затворање на плафонот и ѕидовите, како и обложување на останатите ѕидови. Направивме бандажирање, монтиравме ќошни лајсни, изведовме глетување и нанесовме

Реновирање на барака Read More »

Подови и бина

Направивме многу интересни подови — и тоа не е сè!Покрај уникатните подни решенија што го трансформираат секој простор, со гордост го претставуваме и нашето ново фото студио – место каде креативноста и дизајнот се среќаваат. Совршено за фотографии на производи, интериери или креативни проекти. Доаѓаат возбудливи проекти!

Подови и бина Read More »

Молерски работи во апартман

Во објектот беа спроведени следниве завршни работи: Работите беа изведени уредно, со внимание на деталите и почитување на договорените рокови. Вкупното времетраење на изведбата беше 6 работни дена.

Молерски работи во апартман Read More »

Кречење на деловен простор

Извршено е кречење на деловен простор со соодветна припрема на површините (отстранување нечистотии, ситни поправки по ѕидови). Бојата е нанесена рамномерно во два слоја, користејќи квалитетна внатрешна ѕидна боја. Работата е завршена уредно и навремено, согласно договорените рокови.

Кречење на деловен простор Read More »

Реновирање на кафе бар

Реновирањето беше предизвик, но вредеше се! Одстранивме стотина стари спотови и ги закрпивме дупките. Го израмнивме плафонот од непотребни каскади и целиот објект го освоживме со доста светла боја. Надворешната тераса доби нов под. Целиот простор е подготвен за нов живот.

Реновирање на кафе бар Read More »