Поправка на оштетени ѕидови плафони и кречење

Во овој објект бевме ангажирани за санација на пропусти направени од претходни изведувачи. Иако внатрешноста е целосно изработена од гипс-картон, завршната обработка беше на ниско ниво. Извршивме целосна преработка на опшивките околу прозорците, а поради неправилно монтираното осветлување, изработивме дополнителна потконструкција за негово соодветно поставување. Дополнително, ги саниравме лошо обработените делови околу вратите и направивме повторно глетување на неколку ѕидови. По финалното варосување, објектот го доби посакуваниот изглед на задоволство на сопственикот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *