








































По замената на старите прозорци со нови, започнавме со целосната преобразба на просторот. Изработивме спуштени тавани со гипс-картон во сите простории и направивме прецизни опшивки околу новите прозорци. Дел од вратите беа заѕидани со гипс-картон, додека кај останатите извршивме корекција на димензиите (ширината и висината). По поставувањето на новата електрична инсталација, пристапивме кон обработка на ѕидовите, а целиот процес го заокруживме со финалната фаза – варосување.
