


























За фасадна изолација на објектов беше употребен стиропор од 5 сантиметри. Истиот беше фиксиран на ѕидовите со помош на лепак и типли. Стиропорот го премачавме со лепак и мрежа, потоа со абриб. Дрвените елементи на покривот ги заштитивме со импрегнација на база на силкон, а влезните скали ги обработивме со керамички плочки. Целокупниот процес траеше 20 работни дена.
