Декорирање на стан

Комплетно го декориравме овој стан, внесувајќи уникатен карактер во секој агол. Таванот во дневната соба го „разигравме“ со 16 квадратни вдлабнатини, дополнително нагласени со комбинација на алуминиумски и стирополни лајсни. Ѕидовите ги обоивме во нежна бисерно бела нијанса, украсувајќи ги со елегантни правоаголни апликации од декоративни лајсни. Како посебен акцент, во дневната соба и кујната изработивме ѕидови со техниката „Сахара“. Сите интервенции на електричната инсталација се професионално обработени и целосно вклопени во новиот амбиент

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *