Реновирање на барака

Откако ја демонтиравме речиси целата барака и изнесовме неколку камиони шут, започнавме со монтажа на гипс-картон.
Прво ја изработивме конструкцијата за плафонот, а потоа и преградните ѕидови. Беше поставена целосно нова електрична инсталација, по што следеше затворање на плафонот и ѕидовите, како и обложување на останатите ѕидови.

Направивме бандажирање, монтиравме ќошни лајсни, изведовме глетување и нанесовме една рака боја. Потоа следуваше кошулица, па поставување на плочки, уште едно кречење и мала декоративна завршница на еден од ѕидовите во дневната соба.

На фасадата поставивме термоизолација со 8 cm стиропор, две раце лепак со мрежа, и завршен слој абрип.

Целиот наш дел од реновирањето траеше 35 работни денови.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *